Што се може да направите додека сте заглавени во затворен простор? Во прилог може да прочитате неколку од нив кои ќе ви помогнат да го направите вашето време во карантин како што

Што се може да направите додека сте заглавени во затворен простор? Во прилог може да прочитате неколку од нив кои ќе ви помогнат да го направите вашето време во карантин како што е можно интересно – а можеби дури и  продуктивно.

  1. Читајте книги – Добар трилер во вашата рака заедно со вашето омилено кафе, вистинско задоволство!
  2. Составете сложувалка: Колку повеќе парчиња толку подобро! Земете Рубикова коцка или пак крстозбор доколку повеќе сакате да си играте со зборови.
  3. Гответе – Вистински предизвик за вас! Научете да го приготвувате вашиот омилен оброк за вас и вашето семество. Mоже ова ќе биде вашето идно хоби.
  4.  Гледајте филмови и серии –  Вистинска можност! Гледајте ги најдолгите филмови за кои немавте време претходно.
  5. Научете Yoga – Јогата е толку корисна за секоја возрасна група токму затоа научете ја сите фамилијарно. Постојат многу алатки за учење за ова.
  6.  Спуштете Duolingo – или некоја друга апликација и научете некој странски јазик.
  7. Вратете спомени! – Отворете ја кутијата со сите ваши слики и вратете се за момент во минатото. Направете колаж од слики и урамете ги!
  8. Поминете повеќе време со вашите деца – Брзиот начин на живот одзема многу време и не ни дозволува да вистински уживаме во игрите со нашите најмили, па затоа ова е вистинското време да им посветиме внимание онолку колку што им е потребно.
  9. Преуредете го вашиот дом – Експериментирајте! Дали некогаш сте замислиле како вашата работна маса би изгледала на другата страна од ѕидот бидејќи светлото таму е доста подобро од она што гои мате сега. Току сега можете да ги направите овие долгопланирани промени. Фатете се за работа!
  10. Засадете цвеќиња – нека вашиот дом добие поинакво чуство на топлина додавајќи цветови во различни бои.