Денес е вистински момент секоја компанија, да ја покаже својата страна на општествена одговорност.

Во моментoт на епидемија и колективна загриженост компанијата својата големина ја покажува преку ставање на бизнисот во втор план, а човечноста и одговорноста кон највредносто нешто човечкиот живот во прв план.

Државата превзема мерки за заштита од корона вирусот со затварање на образовните институции. Но најзагрозена категорија и потенцијални пренесувачи на вирусот сме сите ние кои сме секојдневно во контакти со голем број на луѓе при извршување на нашите работни задачи.

Наша најголема грижа во овој период сте токму вие нашите вработени!

Вашето здравје и здравјето на вашите најблиски за нас како компанија секогаш биле на прво место. Токму затоа сакаме да ве информираме дека ние како општествено одговорна компанија сме тука да ги превземеме сите потребни мерки за заштита од корона вирусот.

Мерки на претпазливост во компании:

  1. Набавка на сите потребни антисептички средства и пропратна заштитна опрема (антисептични гелови, антисептични марамици, медицински ракавици, маски )
  2. Во кујните ќе биде достапно свежо овошје и витам Ц за сите вработени
  3. Одложување на сите поголеми состаноци и обуки
  4. Сите активности и договарања кои може да се реализираат преку телефон или е-маил, зохо или друг канал да се искористат
  5. Зголемување на нивото на хигиената во компанијата, посебно во тоалетите и во кујните
  6. Секој вработен кој има намален имунитет и симтоми на настинка се замолува да отвори боледување и да се лекува во домашни услови.
  7. Се препорачува во овој период храната која ќе се конзумира во компанијата да си ја донесете од дома со цел да се намали ризикот со користење на храна од ресторани и бурегџилници каде немаме увид кој ја подготвува)
  8. Ручек паузата да биде поделена во две три групи, за да се намали зголемен број на луѓе во една просторија.
  9. Да кафето е најубаво во друштво, но кога си болен ни кафето нема фкус, затоа во овој период може да пиеме кафе и без поголеми здружувања.
  10. Се замолуваат вработените, но посебно оние кои доаѓаат од терен или имаат поголем контакт со клиенти и соработници посебно да ја сватат сериозно ситуацијава и да ги превземаат сите превентивни мерки.
    • Почесто темелно миење на рацете
    • Користење на антисептички сретства и марамици по секој контакт со клиент
    • При кивање или кашлање задолжително користење на марамици
    • Не е некултурно во овој период да се избегнува ракување и блиски поздравувања со клиентите и со колегите
    • Користење на заштитни ракавици и маски при теренска работа, каде има поголема фрекфренција на луѓе.

Секоја општествено одговорна компанија во овие тешки моменти најголема грижа се здравјето и безбедноста на своите вработени.

Воедно компанијата треба да повика и на индивидуална одговорност од секој вработен, потцетувајќи дека со непочитување на препораките, не го загрозуваме само своето здравје, на тој начин го загрозуваме здравјето и на своите колеги, но и својте најблиски, децата и страите лица во нашите семејства.

Никој не може да се грижи за твојата безбедност и твоето здравје како што може да се грижиш сам за себе, а со тоа даваш придонес во  поединечната, а и колективна свесност.