Стабилноста на цените на железото е важен фактор за потпишување владини или приватни проекти. Но, начинот на кој цените на железото се движат нагоре во последните месеци предизвика шок за градежниците и изведувачите.
Цената на железото значително порасна за 230€ по тон за 5 месеци и скоро двојно продолжува да се зголемува. Со порастот на цените најмногу е погодена градежната индустрија. Трошоците за набавка на железото сочинуваат околу 35% од кој било градежен проект, додека во проекти како што се изградба на мостови, тоа се искачува од 40% до 65%.
Иако цените постојано растат во последниве години, периодот од Ноември до ден денеска бележи нагло зголемување. Од крајот на Ноември, малопродажната цена на еден тон железо изнесуваше 580€ за разлика од јуни каде цената изнесуваше 480€. Цената порасна дури за 100€ во рок од 5 месеци и сеуште континуирано се зголемува.
Доколку една градежна компанија во Јуни набавила 100 тони железо со набавна цена од 480€ односно 48,000€ вкупна набавка, на 15 јануари истата количина на железо мора да ја набави по 710€ за еден тон, односно 71,000€. Сето ова е дополнителен удар врз градежниците и изведувачите, без оглед на обемот на проектите.
Прашањето околу зголемувањето на цените на железото за 2021 година не претставува опасност дека градежните проекти ќе станат помалку профитабилни – или дека градежната индустрија ќе бележи помали приходи. Наместо тоа, најголемиот ризик е дека градежната индустрија може да се соочи со проблеми со пад на обртот. Повисоките цени на железото може да резултираат во дополнителни неочекувани трошоци и доколку не сте подготвени, тогаш би можеле да се најдете во непосакувана ситуација.
Предвидуваме дека цената на железото ќе започне да се намалува од средината на март па се до средината на април, достигнувајќи ја истата цена како во Јули 2020 година. Ваквото предвидување се должи на фактот дека со високата цена на железото се намалува неговата потрошувачка, а со тоа се намалува и бројот на изградени индустриски објекти од владини и приватни инвестиции што резултира со зголемено темпо од неизбежен економски пад, како и зголемувањето на невработеноста. Дополнително врз падот на цената влијае и фактот дека бројот на заразени постојано е во пораст и сеуште постои опасност од дополнителни фактори кои придонесуваат врз глобалната криза.
Од нашиот Менаџмент за ризик и анализите од страната на секторот за набавки ја издвоивме табелата од која се гледа дека нашиот Директор за набавки Фатон Идризи го предвидил зголемувањето на железото и исто така смета дека зголемувањето ке продолжи се до крајот на Февруари.
Сметаме дека наглото зголемување на цените е двоен удар врз градежната индустрија, која сеуште се бори да се помири поради влијанието на КОВИД-19. Се очекува дури и цените на железото да растат и понатаму во текот на следните недели“ вели Фатон Идрзи, Директор за Набавки во Еуровиа ДООЕЛ – градежна компанија.
Toкму затоа најдобриот совет е да не се носат избрзани одлуки од страна на градежните компании и инвеститори со набавка на железото и советување за следење на ситуацијата.