На ден 28.05.2021 Црвен крст Тетово, со помош на стручни тимови на Центар за Трансфузиона Медицина Тетово, како и вработените во Еуровиа Холдинг организираа крводарителска акција.
Денешната акција може да се оцени како упешна, бидејќи за време на неколкучасовниот престој на екипата во канцелариите на Еуровиа Холдинг, повеќето од вработените даруваа крв.
За време на крводарителската акција се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита на КОВИД -19 висусот. Крводарителите беа поделени во групи со цел одржување на физичко растојани.
Особено ми е драго што покажавме хуманост и како компанија , но и како личности. Би сакал да се заблагодарам најпрво на Центарот за Трансфузиона Медицина и Црвен крст Тетово, кој несомнено ја извршуваа својата работа, како и на сите вработени кои ја покажаа нивната поддршка и хуманост, изјави денеска Елмедин Адеми – Генералниот Директор на Еуровиа Холдинг.
Еуровиа Холдинг им се заблагодарува на сите вработени кои денеска учествуваа во хуманитарна акција и ја изразија својата солидарност преку давање на крв.