Почитувани,

Еуровиа неколку пати молчи на лажните обвинувања од страна на некои политичари од македонската политичка сцена, иако речиси секојдневно се шират лажни вести за нашето работење. Со овој начин, се нанесува штета не само на компанија, но и на вработените кои макторпно работат за доброто на граѓаните.

Фактите носат нешто друго, сосема спротивно од она што беше изнесено во јавноста:

  1. Еуровиа е компанија со традиција, која работи исклучиво според високи стандарди. Водејќи се по нив, учествувавме во јавен конкурс Отворена Постапка бр. 11671/2023. на кој по извршена евалуација и електронска аукција, нашата компанија беше понудувач со најниска цена и оттука нашите вработени ќе работат на Регулација на дел од ободен канал во општина Арачиново -Постапка бр. 11671/2023. Со изградбата на дел од ободниот канал се решава децениски проблем во општината, па оттука е и заложбата на Еуровиа да учествува во тендерот со кој бенефит имаат граѓаните.
  2. За да не настане забуна ниту кај граѓаните, ниту кај институцијата каде се одржа последната прес конференција полна со лаги и обвинувања, тендерот на кој учествувавме го распиша Министерството за животна средина и просторно планирање, а не Министерството за транспорт и врски, нешто за што политичките партии добија демант и од страна на Министерството за транспорт и врски.
  3. Повторно нагласуваме дека Еуровиа со матичен број: 6630294 и Даночен број: 4028010513380 нема извршено никакви донации кон политичкиот субјект ДУИ. Ова е лесно проверлив факт, кој не се споменува кога се ставаат етикети на нашата компанија.
  4. Еуровиа не е анонимус и е добро позната компанија. Ноторна лага е тврдењето на политичките партии дека Еуровиа била во рацете на некој политичар или била подружница на некоја политичка партија.

За жал, политичарите ја користат нашата компанија која е градена исклучително од тешка работа и мака за дневно-политички цели во кои повторно нагласуваме дека се користат лаги. Учеството во јавни набавки на Еуровиа, како и на сите останати компании во земјава е секогаш јавно достапно и истото може да го види секој граѓанин во државата.

Затоа, бараме Реџеп Асани од политичката партија Движење БЕСА, а кој говори и од името на политичките партии Алтернатива и Демократско Движење на ист начин како што ги изнесе лагите, јавно да се извини на Еуровиа, во спротивно ќе следува тужба, бидејќи со ваквите лажни вести се нанесува непроценлива штета на нашата компанија. Уште еднаш нагласуваме дека нема да дозволиме да бидеме цел на дневно-политички препукувања затоа што секогаш сме работеле чесно и така ќе продолжиме и понатаму.