Дигитална трансформација е неопходна кога станува збор за бизнисите, успехот на бизнисите ќе зависи од нивната подготвеност за дигитална трансформација. Дигиталните алатки стануваат сè повеќе неопходни за бизнисите, а нивниот трансформативен ефект дојде до израз за време на COVID-19 пандемијата. Станување дигитален бизнис значи овозможување на продуктивноста на работникот преку алатки како што се мобилни телефони, пристап до податоци и процеси со помош на АI и можност за подобро управување со деловните перформанси преку достапност и видливост на податоци.
Дигитализацијата не е само во врска со технологиите, таа исто така се однесува на организацијата, процесите и луѓето. Дигитализацијата на компанијата е за промена на нејзиното однесување и обезбедување на обновена цел и идентитет усогласен со овие однесувања на долг рок.
Врз основа на нашето искуство, идентификувавме различни клучни фактори на успех за да се овозможи долготрајна дигитална промена од гледна точка на начинот на работа:
Мобилна технологија
Светот е подвижен, а претпријатијата немаат друг избор освен да се прилагодат на навиките на работниците и потрошувачите. Во минатото, организациите избегнуваа интегрирање на мобилната технологија заради сложената интеграција потребна со многу наследни процеси и системи. Денес, сe повеќе организации се насочени кон дигитална трансформација.
Користејќи ја мобилната технологија Еуровиа користи напредни софтверски решенија за евидетирање на работното време на својте вработени.
Јавен и приватен облак
Наместо да зачувувате датотеки на тврд диск или USB, меморијата заснована врз облак овозможува нивно зачувување во оддалечена база на податоци. Сè додека електронски уред има пристап до Интернет, тој има пристап до податоци и софтверски програми за да го изврши.
Соработка во реално време. Користејќи технологија заснована на облак, сите членови на тимот можат да пристапат до сите информации за одреден проект во реално време, кога и каде да им се потребни. Сите оддели кои се вклучени во проект – од човечки ресурси, финансии, ИТ, секторот за тендерско управување со проекти и повеќе – ги имаат истите информации во реално време.
„Интернет на нештата“ (Internet of Things, IoT)
„Интернет на нештата“ е всушност интернет на поврзаните нешта. Бројни компании влегоа во концептот „Интернет на нештата“ (Internet of Things, IoT) за да ја искористат секоја деловна можност. Уредите на Интернет на нештата (IoT) имаат огромно влијание врз начинот на кој компаниите извршуваат деловни активности. IoT уредите собираат големи количини на податоци, а компаниите имаат пристап до овие податоци за да го следат и снимаат однесувањето на потрошувачите за да донесат профитабилни одлуки.
За што го користи „Интернет на нештата“ (Internet of Things, IoT):
• Следење на локацијата на градежната машинерија и
• Cо помош на софтверот за решенија за евидетирање на работното време ги следиме инженерите/ архитектите на која локација се наоѓаат
• Нови и подобрени безбедносни контроли за луѓе кои работат во опасни средини
Оваа дигитална трансформација овозможи нов фокус во индустријата кон она што е најважно – висококвалитетна работа, безбедно извршена. Делумно заради овие технологии, стануваме подобри професионалци, внесувајќи им поголема вредност на нашите клиенти: „на време и во рамките на буџетот“. Новиот фокус на квалитетот и безбедноста, сепак, не доаѓа сам. Еве пет придобивки на кои бевме сведоци на дигиталната трансформација:
- Подобрена продуктивност
- Побезбедни операции
- Поголема точност
- Подобра комуникација
- Повеќе иновации