Боите се присутни насекаде, тие имаат своја специфичност во она што тие го претставуваат, содавање виталност и во исто време одредени пораки. Артистите и дизајнерите на ентериери знаат дека боите се влијателна алатка за комуникација и може да предизвикаат психолошки реакции.
При украсување на ентериерот, генерално „играме“ на безбедни комбинации на бои за нашиот дом да изгледа уредно и компактно. Сепак, некои нијанси се подобри од другите. Подолу имате неколку бои кои можете да ги користите за украсување на вашиот дом, а кои ќе имаат корисен ефект врз вашето расположение.
ЦРВЕНА
Tоа е боја која ги стимулира емоциите и може да го забрза човековиот метаболизам, го зголемува дишењето и го зголемува крвниот притисок. Влијанието на црвената боја врз растот на апетитот е добро познато и поради оваа причина е избрано да се користи од многу ресторани ширум светот. Ако се одлучите да ги обоите вашите ѕидови во црвена боја, тоа значи дека сакате авантури и сакате да бидете во центарот на вниманието.
СИНА
Нежна, суптилна и смирувачка нијанса на сина боја може да го смири вашиот ум, да го намали крвниот притисок, да ја намали вознемиреноста, па дури и да го забави срцевиот ритам. За релаксирачки ефект во спалната или дневната соба изберете ги нијансите на сината боја.
ЗЕЛЕНА
Едно истражување потврди дека поминување време во зелени простории влијае на намалување на стресот. Ова веројатно се случува бидејќи луѓето ја поврзуваат зелената боја со природата, која има смирувачки ефект.
Зелената боја, во комбинација со беж или светло жолти тонови, се смета за идеален избор.
ВИОЛЕТОВА
Постојат навистина прекрасни нијанси на виолетова боја кои може да ги одберете, но внимавајте! Виолетовата е бојата на меланхолијата и може да делува депримирачки, па наместо да ги обоите вашите ѕидови во виолетова боја може да одберете различни додатоци во таа боја. Одберете виолетови табуретки и едноставно ослободете ја својата фантазија.
ЖОЛТА
Жолтата боја е бојата на сонцето и има позитивен ефект на луѓето и ја полни собата со енергија. Таа е светла и пријатна и вашите гости ќе се почувствуваат удобно во вашиот дом. Жолтата боја често се комбинира со сината, со што се создава илузија на сонцето и небото во вашиот дом.
ПОРТОКАЛАВА
Портокаловата е идеален избор ако сакате да внесете топлина и радост во секојдневниот живот. Поврзана е со здравјето и често се користи при лекување, а таа ќе ја поттикне и појавата на позитивната енергија и ведрото расположение во секој дом. Нежните пастелни нијанси од оваа боја во секоја просторија ќе направи мала оаза на мир, која секогаш ќе биде исполнета со смеа и веселба.