Овој самит е дизајниран за членови на деловната заедница, претприемачи кои сакаат да ги развиваат своите активности или алтернативно заедно да работат како дел од деловниот сектор.

Дел од овој самит беше АДЕЛ Холдинг.
Нашиот извршен директор Елмедин Адеми смета дека овој самит за претприемништво е добра можност за обединување на едно место на деловната елита од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија и Грција, со цел поврзување во меѓусебна соработка во иднина, и исто така да се отвори можности за секого.

Самитот се одржа во Даблтри од хотелот Хилтон и присуствуваа над 250 гости, истакнати деловни луѓе, претприемачи, иноватори. Преку список на инспиративни говорници од САД, Франција, Индија, Бугарија, Турција и Македонија, целта беше да се поврзат бизнисите на првиот самит за балканско претприемништво и заедно да се направи ова традиција.