Постојат научни докази дека ако консумирате од 1 до 2 кафиња на ден, ќе имате поубав изглед. Всушност, шолја кафе ви дава повеќе антиоксиданти од овошје, што влијае на убавината на вашата кожа

Дури и да не сте љубител на кафе, откако ќе ви откриеме некои интересни факти кои ќе влијаат на вашиот изглед веројатно е дека ќе го промените вашето мислење. Кафето веќе може да се вклучи во вашата рутина за убавина. Постојат научни докази дека ако консумирате од 1 до 2 кафиња на ден, ќе имате поубав изглед. Всушност, шолја кафе ви дава повеќе антиоксиданти од овошје, што влијае на убавината на вашата кожа. Меѓу другото, еве неколку намени за лице, тело и коса:

Лице
Богато со антиоксиданти, кафето може да се бори против стареењето на кожата така што ги елиминира токсините и го заштитува од слободни радикали од загадување, чад од цигари и сл.

Teло
Веројатно од искуство знаете дека кафето е диуретик. Значи, доколку се одлучите да го нанесете на кожата, има својство на отстранување на течностите од масните клетки, предизвикувајќи нивно намалување и привремено намалување на видливоста на целулитот.
Предложениот „Srcub“за овој третман се состои од шолји кафе (што останува откако ќе направите еспресо кафе), половина чаша бел или кафеав шеќер и лажичка кокосово масло. Составот се масира на телото, а по третманот се исплакнува со топла вода.

Коса
Кафето, не само што ја остава косата свиленкаста, туку и масирана на скалпот, кофеинот може да ги стимулира корените на косата за побрз раст.

Овие предлог идеи ќе ви помогнат да заборавите на скапите производи за убавина, и ќе ви овозможат рационално и паметно да го искористите талогот од вашето кафе.