Знаете ли да направите некое необично и не толку често кафе? Во прилог ви предложуваме три рецепти кои ќе ја сменат монотонијата во вашата чаша

Знаете ли да направите некое необично и не толку често кафе? Во прилог ви предложуваме три рецепти кои ќе ја сменат монотонијата во вашата чаша, потребни ви се само некоку состојки и магијата може да започне…

Milky Way капучино

Потребни состојки:
90 мл еспресо
40 мл чоколаден прелив
40 мл сируп од карамела
20 мл зовриено млеко

Начин на подготовка:
Во шолја за кафе сипете го подготвеното еспресо, чоколадниот прелив и сирупот од карамела и потоа додадете зовриено млеко. На врвот ставете млечна пена. За само 5 минути ќе добиете фантастичен кафе напиток со шмек на неодоливите чоколатца Milky Way.


Мока фрапучино

За едно кафе потребно е:
1 1/2 коцки мраз
3/4 шолја млеко
1 лажица еспресо измешана со 1/4 шолја жешка вода
1 лажица шеќер (повеќе или помалку по вкус)
2 лажици чоколаден сируп
шлаг (по желба)

Начин на подготовка:
Во блендер измешјате ги мразот, млекото, еспресото, шеќерот и чоколадниот сируп. Претурете го кафето во голема чаша. По желба, декорирајте со изматен шлаг и какао врз шлагот.


Елегантно кафе со коњак

Потребно за 6-8 кафиња:
250 ml еспресо, оладено
80 ml коњак
60 ml ликер од кафе
60 ml цврсто изматен шлаг
сладолед од кафе
Начин на подготовка: Еспресото, коњакот, ликерот и шлагот измешајте ги заедно со многу мраз. Течноста ставете ја во големи чаши. Во средината ставете по една топка сладолед од кафе или од некој друг вкус по ваша желба. Декорирајте со ситно сецкана чоколада.