Седењето дома и те како е досадно поготово во овие денови во карантин. Потребно е да најдете нешто во што навистина уживате и времето тогаш едноставно брзо поминува. Mногумина од нас уживаат во читањето на книги

Седењето дома и те како е досадно поготово во овие денови во карантин. Потребно е да најдете нешто во што навистина уживате и времето тогаш едноставно брзо поминува. Mногумина од нас уживаат во читањето на книги, но кога станува збор за нивниот избор тогаш тој ни одзема многу повеќе време отколку самото читање. Токму поради овие причини решивме да ви дадеме неколку предлози:

Убави девојки  

Убави Девојки

Пред повеќе од дваесет години, сестрата на Клер и Лидија, тогаш тинејџерка, исчезнува без трага. Двете жени си немаат прозборено оттогаш и сега нивните животи не може да се поразлични. Клер е сакана жена на милионер. Лидија е самохрана мајка која едвај крпи крај со крај. Но ни едната ни другата си немаат дојдено на себе од трагедијата што им ги има уништено животите. И горката рана повторно се отвора кога сопругот на Клер трагично загинува.

Исчезнување на тинејџерка пред дваесет години и убиство на средовечен маж сега по четврт век – што би можело да ги поврзува? Обединувајќи се претпазливо, двете преживеани сестри почнуваат да копаат низ минатото со цел да ја откријат вистината и откопуваат тајни што го имаат уништено нивното семејство, но воедно и неочекувана шанса за ладна одмазда.

Стравот 

Стравот

Во својата прва книга, „Се гледаме на врвот“, Коста Петров ги открива своите тајни на успехот, каде стравот како тема е само начнат како една од препреките на тој пат. Затоа беше сосема природно оваа чудовиштна и неоснована емоција, што претставува пречка во секојдневното себереализирање, да добие свое четиво. „Стравот“ е повеќе од книга,тоа е повик за будење и повик на битка со нашиот најголем непријател, нашето его и неговата најмоќна алатка – Стравот.

Низ несебичното споделување на личните искуства, мисли и чувства, Коста Петров храбро нè води низ нашата психолошка битка, битката која секој од нас треба да ја добие за да може да го живее сето она што Универзумот го подготвил за него. Со својот јасен, сликовит и енергичен јазик, поткрепен со активизам, тој го поттикнува читателот на решителност и на храбро делување.

Само пријатели  

Само Пријатели

Ова е приказна за една девојка која го губи својот татко толку ненадејно што ѝ се разнишува целиот свет. Приказна за една мајка која се обидува да ги заштити своите деца по секоја цена, макар и со лаги. Приказна за едно сираче од дом. Приказна за наоѓање на вистинска љубов и нова надеж, но и за претворање на таа љубов во забранета.

Колкупати може светот да ти се сруши под нозе, а сепак да продолжиш да стоиш? Приказна која ќе ви покаже дека некогаш човек може да се смее на работи кои никој не ги смета за смешни. Која ќе ве научи дека акцентот треба да се става на животот. Приказна во која двајца кои се сакаат треба да научат да бидат само пријатели и приказна која ќе ви покаже дека семејството некогаш се и само пријателите…

 Макбет

Макбет

Сместен во врнежлив индустриски град од 70-тите години, Макбет ја следи приказната за борбата на полицијата против трговијата со дрога, но и против корупцијата во сопствените редови. По смртта на поткупениот шеф на полицијата се раѓа нова надеж кај граѓаните, но се разгорува и нова борба за превласт, во која нема место за чесните луѓе кои се борат за доброто на градот. Пазарот со дрога го контролираат двајца наркобосови – водачот на моторџиската банда Свено, и непредвидливиот Хеката, кој сака да го искористи младиот Макбет за да оствари монопол. Но Лејди, сопственичка на казино и љубовница на Макбет, кове амбициозни и смртоносни планови…

Макбет е приказна за љубовта и каењето, политичката амбиција и алчноста, за најмрачните агли на човековата природа. Роман што се чита во еден здив, можеби најдобриот што излегол од перото на Несбе!
Несбe ги проткајува митските елементи на трагедијата со острите нишки на ужасот и реалноста. Неговиот Макбет на неверојатно оригинален начин ни ја пренесува безвременоста на Шекспировото дело и мракот на криминалистичкиот жанр.