Годината 2020 бележи јубилеј за Еуровиа. Ова е истотака многу значителна година каде што светот се соочува со глобална здравствена криза без преседан. Додека не е време за прослава, сеуште е многу важно за нас да се осврнеме кон минатото но исто важно да се фокусираме кон иднината!
Еуровиа е основана пред 10 години но нашето богато искуство е створено уште пред 35 години. Во првите 10 години од нејзината правна форма, компанијата растеше во многу побрз во споредба со пазарот. Остваривме скоро 30 проценти раст година од година со цел да се удвои овој раст на секои 2 години.
Сите овие достигнувања дојдоа со многу голем труд, резултирајќи во тоа да Еуровиа биде препознаена на пазарот како градежна компанија која го води својот бизнис преку знаење, експертиза, голем труд и фокус кон услугите, кон клиентите, водејќи се преку одржлив пристап.
Нашите основни вредности остануваат принципите кои не водат за се што дејствуваме и би сакал да посочам две основни верувања кои се движател за успехот на нашата оперативност:
СИГУРНОСТ–да повториме, сигурноста е нашиот број еден приоритет и не се дозволени никакви компромиси кога станува збор за нашите вработени да се вратат безбедно во нивните семејства. Сигурноста е дел од нашиот живот и треба да го дефинира нашиот начин на размислување и нашите постапки. Како што индустријата води кон нулта цел, треба секогаш да бидеме чекор напред во раководењето, влијаејќи не само на оперативноста туку и на околината.
КВАЛИТЕТ – Еуровиа е позната по одлична испорака на услуги низ целиот регион. Ние сме страствени и параноични во надминување на очекувањата на нашите клиенти. Ние целиме кон нивно пријатно изненадување со нашата точна испорака, мотивирани екипи на терен, специјална опрема и највисоки стандарди за се што правиме, од одржување до беспрекорна изведба на терен. Сите ние придонесувамеза оваа слика за беспрекорна испорака на услуги и јас би сакал од сите нас да не прифатиме ништо помалку од совршенство и највисока цел во секој сегмент.
Како што сите ние треба да сме горди на нашите достигнувања и да бидеме самоуверени во тоа кои сме, истовремено треба да размислуваме напред затоа што без компромис, нашите најголеми достигнувања лежат понатаму во иднината.
Работејќи зедно како тим и останувајќи блиску до нашите клиенти, ние ќе ги надминеме нашите цели.
До сите наши вработени, клиенти и пријатели – ви се заблагодарувам на вашата константна посветеност за Еуровиа и за тоа што бевте дел на ова инспиративно патешествие.
До следните успешни години!
Елмедин Адеми – Генерален директор