Овие денови имавте можност да прочитате во голем дел од медиумите вест за тендерот што компанијата со која јас управувам, ЕУРОВИА го доби тендерот со вредност од 1.5 милиони евра, од Министерството за надворешни работи.
Во принцип, во овој текст нема ништо невистинито.
Всушност, имам потреба за подетално објаснување. Сакам да ве информирам дека во договорот стои дека ‘Договорниот орган нема задолжение да го исполни износот од Алинеа 1 од Член 2 од Договорот’, што значи дека вредноста од 1.5 милиони евра за тендерот ќе се троши согласно потрошените количества на извршената работа.

Мојата врска со ДУИ, донирањето што се нагласува кон Демократската унија за интеграција и вредноста на донацијата, се невистинити; конкретно, ЕУРОВИА со матичен број: 6630294 и Даночен број: 4028010513380 НЕ ИЗВРШИЛЕ НИКАКВИ ДОНАЦИИ кон политичкиот субјект ДУИ!

Процедурално учеството во Отворениот оглас за: внатрешно прилагодување и надворешното уредување на спортската сала ‘Борис Трајковски’, во функција на одржувањето на Конференцијата на Советот на министрите во рамките на претседателството на РМВ во ОБСЕ во Декември 2023 година, течеше во согласност со Законот за јавни набавки и се одвиваше во следните чекори:

  • На 28 јуни 2023 година, – Се објави Огласот за учество со бр. на постапка:
  • На 31 јули 2023 година, – Беа доставени понуди од 4 економски оператори.
  • На 7 август 2023 година, – Надлежниот орган – МНР објави дека ЕУРОВИА е победник на Огласот врз основа на најниската понуда
  • На 11 август 2023 година – По оваа одлука, друг економски оператор поднесе жалба во ДКЖЈН
  • На 18 август 2023 година – ДКЖЈН донесе Одлука дека жалбата е неоснована.
  • Заради жалбите и другите постапки, потпишувањето на Договорот беше извршено на 21 Август 2023 година.

Од ова може да се заклучи дека процедурата за учество била во рамките на Законот за јавни набавки и нема никакво прекршување на истото. Исто така, нагласувам: Носењето на презимето АДЕМИ и да се спомне блиската врска со поранешниот функционер на ДУИ кој што е починат е неетично и не претставува чесност која би требало да се истакне во вакви вести!

Во секој случај, изјавувам дека во ниту еден случај не ја поттикнувам мојата компанија да се повлече од Јавните набавки, имајќи предвид дека во компаниите со кои управувам имам повеќе од 250 вработени и носам морална и законска обврска да управувам со компаниите на групацијата, без да ја ризикувам иднината на никого.

Горенаведените вести и нанесоа штета на репутацијата на мојата компанија и поради тоа бараме од сите медиуми да се огласат со јавно извинување и да ги повлечат вестите и невистинските тврдења!

Важно е сите нас да одговориме за информациите што ги споделуваме, затоа не заборавајте дека фактите и вистините се од суштинско значење за информирана и свесна заедница.
Да ги промовираме високите стандарди на новинарството и да се противставиме на неточните објави.

Со почит,
Елмедин Адеми – Генерален директор