Групацијата ЕУРОВИА забележа зголемување од 78% наспроти претходната 2021 година.  во обемот на своето работење со вредност од  17,3 милиони евра во финансиската 2022 година, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во 2020 година. Зголемувањето на работењето беше постигнато во сите оперативни сегменти. Најголем пораст во апсолутна вредност е забележан на нашиот домашен пазар Северна Македонија, а потоа следат Албанија и Косово, каде во моментов ги завршуваме двата најголеми проекти во нашите нарачкии.  Во однос на индустриите низ кои ЕУРОВИА дејствува, ГРАДЕЖНИШТВОТО продолжува да се издвојува во склоп на групацијата. И покрај зголемените трошоци за изградба и забрзаниот пресврт на каматните стапки, нарачките за 2022 година се зголемија за 56% на годишно ниво, што е значителен раст во рекордно ниво од крајот на првите шест месеци од 2022 година.

Следува ТРГОВИЈАТА СО СТОКА што изнесува 4,8 милиони евра од вкупното работење, односно раст од 62,8 % во однос на претходната година.

Инвестициите во склоп на групацијата оваа година го постигнаа пикот од 6,1 мил евра, и финансиските резултати од нив се очекуваат да придонесат во 2023 година.

Менаџментот очекува да може да го одржи обемот на нарачки на високо ниво во 2023 година и покрај предизвикувачкото опкружување; поточно, прогнозата е за 25 мил евра. Сите три оперативни сегменти треба да дадат стабилен придонес кон оваа сума.

По исклучително високата EBIT маржа (EBIT/приход) во финансиската 2021 година, се очекува нормализирање и за 2022 и 2023 година, во согласност со долгорочната стратешка цел за генерирање на најмалку 4% на одржлива основа од 2022 година.

Нето инвестициите (парични текови од инвестициски активности) во 2023 година најверојатно нема да надминат 9 мил евра.

Дополнителни бројки и детали за финансиската 2022 година Ви се достапни во следниот линк: LINK