Еуровиа како општествено одговорна компанија речиси секоја година традиционално реализира општествено одговорни проекти, но во текот на 2021 година бројот на реализирани проекти значително е во пораст. На овој начин промовирајќи подобар начин на живот и подобро општество.


ДОНАЦИЈА НА ПРОЧИСТУВАЧИ ЗА ВОЗДУХ

Имено поради актуелните случувања со Ковид кризата и оптеретувањето на здравствениот систем голем дел од донациите беа носочени кон здравството. Најпрво поддршка на ЈЗУ Болница – Тетово за организација на масовна вакцинација на неколку пунктови во градот како и донација на 12 прочистувачи на воздух во Клиниката, како и дарување крв на светскиот ден на крводарителството со што вработените дополнително ја покажаа својата хуманост на дело.