Еуровиа во јуни 2020 година потпиша договор за изградба на нова Поликлиника во Сарај, Скопје. Проектот ќе биде модерен здравствен комплекс кој ќе обезбедува високо квалитетни стандардни здравствени услуги и социјална заштита. Обемот на работите на проектот се состои од клучна изградба на 1485,00 м2 површина. проектот клуч на рака гарантира дека ќе сториме сè, од скицирање планови до завршување на проектот. Благодарение на својот високо квалификуван мултидисциплинарен тим и над 10-годишно искуство, ЕУРОВИА има запознавање со сите активности што ги вклучува проктот клуч на рака и има значаен учинок за проектите извршени на време.

Инвеститорот е Министерството за Здравство Скопје.

Вкупната вредност на проектот е 67 386 530,30 ден.

Периодот за завршување на овој проект ќе биде во 2023 година.