Денот на децата се одбележува на 1 јуни. Но, која е приказната зад овој ден? Децата од сите возрасти сметаат дека денес треба да се чувствуваат среќни и да слават со своите врсници.Овој ден не е само празничен ден, но во исто време 1 јуни служи за да се сензибилизира и да се каже не на насилство и злоупотреба врз децата. Тоа е денот кога самите деца го креваат својот глас за своите права, но за разлика од возрасните, нивниот протест е направен со различни игри.На овој ден, решивме да им се посветиме на децата. На 1 јуни, како компанија, решивме да договориме нешто поразлично од другите години.Тема на оваа година беше свеста и инспирацијата на децата за нивната идна професија, како и презентацијата и начинот на работа во нашата компанија.Одлучивме да им дадеме на децата подетални знаења за архитектурата и градежништвото. Нашите архитекти беа воодушевени да ги споделат со децата своите искуства и да ги мотивираат да размислат за професија од оваа област.

Среќен 1 јуни, националниот ден на децата. Правата на децата и нивната заштита треба да бидат главната иницијатива за безбедно и развиено општество.