Денот на децата се одбележува на 1-ви јуни во светот. Но, што е приказната зад овој ден? Децата од сите возрасти бараат денес да се чувствуваат среќни и да слават со своите врсници.

Овој ден не е само празничен ден, но во исто време на 1 јуни служи да се сензибилизира и да се каже дека нема насилство и злоупотреба на деца. Тоа е денот кога самите деца го креваат својот глас за своите права, но за разлика од возрасните, нивниот протест е направен со различни интересни игри.

Како компаниа за 1 Јуни, им го посветивме на децата во различни возрасти. Децата од ОУ Лирија Тетово имале можност да ги посетат нашите компании и да се запознаават со различни работни места како нивен потенцијален избор за кариерен развој. 
Овогодишната тема беше свеста и инспирацијата на децата за нивната идна професија, како и презентацијата и начинот на кој работиме во нашата компанија.
Децата кои ја посетија ЕНЕА се запознаа со професијата на дистрибуција и комерција, се запознаа со вработените во ова фирма и секако ги пробаа производите кои ние ги дистрибуираме. Но најважно што го направија овој ден повеќе посебен беа игрите и подароците.

Исто така и нашите архитекти од Градежната фирма ЕУРОВИА беа воодушевени да ги споделат своите искуства со децата и да ги мотивираат да мислат на професија во областа на градежништвото.  Честито 1 – ви Јуни – Интернационалниот ден за Заштита на децата. Правата на децата и нивната заштита да ни бидaт главниот потик за Сигурно и развиено општество!