“Нема магична формула за одлична организациска култура на компанијата. Клучот е само да го третирате вашиот персонал онака како што, тие би сакале да бидат третирани”. Едно истражување од 2011 година од Универзитетот во Канзас покажа дека вработените коишто се среќни на работното место, имаат поголем процент на успешност на работното место. Исто така, беше заклучено дека среќните работници имаат за 10% повеќе успех во споредба со оние коишто не се среќни во својата работа.

И покрај врвната професионалност и посветеност во својата работа, кои ја имаат вработените во Adel Holding тие не ја исклучуваат можноста за дружење надвор од работното време. По интензивната секојдневна работа, предизвиците, професионалниот обем на работа и резултати, секој вработен заслужува да помине време заедно со своите колеги.

Креативни и предизвикувачки игри кои се дел од овие активности се оние кои го поттикнуваат духот на соработка и конкурентност кај вработените. На пример, последната активност на вработените на Adel Holding се одвивала во Скопје, главно во City Mall. Главната цел на оваа активност, била вработените да поминат ден исполнет со забава каде што преку игра ќе успеат да се запознаат подобро, а воедно и да го зајакнат духот на тимот. Нивната забава започнала во Cineplexx, каде што сите добро се опуштаат со комедија, а потоа продолжуваат со активности во bowling центарот.

Нашето мото е: “Задоволни вработени значи задоволни клиенти, што води до профитабилност”.