Наша цел е да работиме одговорно со цел да ги подобриме социјалните, економските и еколошките услови. Компанијата е управувана од принципите и етичкиот кодекс во согласност со составните политики на општествена одговорност, напор, посветеност и иницијативи.

Потребите и желбите на општеството се нашите водечки приоритети кои придонесуваат за создавање вредности, компетенции и основни способности на компанијата. Помладата генерација се смета за наследство и одраз на културата, вредностите и посветеноста и поради оваа причина имаме за цел да им помогнеме на нашите потомци да го добијат вистинското знаење, вистинското искуство и да го подобрат својот живот. Затоа, ЕYРОВИА го дава својот придонес за реконструкција на спортскиот терен во с. Радуша.

Спортското игралиште, веќе целосно реновирано и завршено според современи стандарди, целосно ги задоволува барањата на учениците и спортистите од с. Радуша.