Додека продолжуваат градежните работи на проектот за новата полициска станица во Општина Аеродром, финансиран од Министерството за внатрешни работи, денеска имавме чест да ја угостиме посетата на Министерот за внатрешни работи и Директорот на Бирото за јавна безбедност.
Министерот и неговиот тим извршија увид во градежните работи и потврдија дека проектот напредува според предвидениот план. Новата полициска станица, чија изградба започна во јули минатата година, се очекува да биде завршена во рок од 30 месеци. Оваа модерна станица ќе обезбеди подобрени услови за полициските службеници и услугите што им се нудат на граѓаните на Општина Аеродром.
Дополнително, во соработка со в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, планираме да додадеме простории за управни служби во рамките на полициската станица. Ова значи дека граѓаните ќе можат да добиваат лични документи, возачки дозволи и други важни услуги без да треба да одат во зградата на МТВ.
Евровиа е горда што учествува во овој значаен проект, придонесувајќи за зголемување на брзината, квалитетот и пристапноста на услугите за граѓаните. Заедно ја градиме иднината!