Помина нешто повеќе од една година откако Светската здравствена организација го прогласи Ковид-19 за пандемија

Помина нешто повеќе од една година откако Светската здравствена организација го прогласи Ковид-19 за пандемија. Во деновите и неделите што следеа, почнавме да добиваме чувство како тоа ќе влијае на нашите животи бидејќи државите ширум светот почнаа да издаваат наредби за останување дома , наложувајќи им на луѓето да не ги напуштаат своите домови освен за завршување на најопходните обврски и активности.

Ова принуди многу бизниси да мора да ги прекинат преоцесите на работа и да се прилагодат кон некој нов начин на функционирање.

И додека градежните проекти во тек продолжија, со подобрени безбедносни протоколи на работните места, проектите во фазата на проектирање беа силно погодени бидејќи проектите почнаа да се одложуваат или да се стават во мирување.

Прашањата и неизвесноста за тоа колку долго ќе трае пандемијата и какво економско влијание ќе предизвика, ќе запраша многу сопственици повторно да размислат дали да започнат нови проекти или да продолжат со проектите онаму каде што застанале.

Каде се наоѓа градежната индустрија една година подоцна? Како што продолжува масовната вакцинација и државите почнуваат да ги намалуваат ограничувања поврзани со пандемијата се чувствува дека полека напредуваме кон она што може да нарече нашето ново нормално.

Еве краток поглед на севкупното влијание COVID-19 врз градежната индустрија и како стојат работите денес.

Зголемување на цените на градежните материјали

И покрај пандемијата, трошоците за градежништвото се зголемија во 2020 година. Вкупните трошоци за градежништво минатата година беа 1,43 трилиони американски долари, што претставува зголемување од 4,8% во однос на вкупните трошоци за градежништво во 2019 година. Зголемувањето на трошоците за градежништво минатата година се должи најмногу на речиси 12% зголемување на станбената изградба -во место што изнесуваше 813,9 милијарди американски долари во 2020 година.

Вработувањa во градежната индустрија

И покрај големите бројки во градежништвото, вработувањето доби огромен удар веднаш по почетокот на панедемијата. Градежната индустрија бележи пад во вработеност во март и април 2020 година. Факторите кои влијаеја врз падот на вработувањата во овој период, претставувааат прекинувањето на работните  активности, како и на новите и претстојните проекти кои се одложуваа или ставаа на мирување. Добра вест е дека вработеноста во градежништвото се зголемува во 2021 година за разлика од 2020 година и сеуште има тенденција на раст.

Користење на технологија

Градежната индустрија забележа забрзан раст и усвојување на градежната технологија во 2020 година. Според анализите на стручните лица, стапката за усвојување на технологијата што вообичаено ви  траела три години е постигната за само девет месеци од 2020 година.

Се ова има смисла бидејќи изведувачите се свртуваат кон технологијата за да останат поврзани со клиентите, да останат продуктивни и ефикасни на далечина.