Денеска беше еден нов различен ден во АДЕЛ Холдинг.

Денеска беше еден нов различен ден во АДЕЛ Холдинг.
Го почнавме со интересен внатрешен тим билдинг и седнавме сите заедно и сите компании кои се дел од АДЕЛ Холдинг (ENEA, EUROVIA, TALENTA, SCREEN MEDIA) на една заедничка маса да испиеме заедничко АМА кафе, да се освежиме со Yoga сок и преку меѓусебна презентација и дружба да се видиме колкави сме, кои сме и да ги прицврстиме нашите цели, амбиции и визии за цврсто да тргнеме напред со заедничи сили во нови успеси.

Секој од нас лично, но и како тимови се обврзавме во реализација на нашата заеднича визија и цел. Само преку нашиот професионализам, посветеност и доверба да бидеме секогаш првиот избор за клиентот, а со тоа да бидеме најуспешна компанија во Македонија.

Ние сме Горди што сме дел од АДЕЛ ХОЛДИНГ и само небото е лимит, за нашите амбиции цели и успеси.

Преку ценење на својата вредност и вредноста на своите колеги, позитивната мисла и убавиот збор да си го направиме секој работен ден поубав и поинтересен.