Адел Холдинг како компанија на која од секогаш на прво место и се вработените и нивнот добробит, во овие моменти на пандемија се најде пред големи предизвици

Адел Холдинг како компанија на која од секогаш на прво место и се вработените и нивнот добробит, во овие моменти на пандемија се најде пред големи предизвици.


Covid-19 не влијаеше само врз сериозните импликации за здравјето на луѓето, туку значително влијаеше и на деловните активности во економијата. Поради тоа што пандемијата ги ресетираше главните трендови на работа, менаџерите беа принудени да пристапат кон нови стратегии за планирање и водење на своите вработени кон реализирање на зацртаните цели на компнијата, но првенствено мислејќи на здравјето на своите вработени.
Адел Холдинг не е компанија која само гледа во предизвиците, напротив веднаш нуди решенија и на тој начин го трасира патот за побрзо економско закрепнување прилагодувајќи се на секојдневните промени кои ни ги приложува Ковид 19.


Пандемијата веќе го промени начинот на кој што функционираат компаниите. Она што Адел Холдинг како компанија го воведе како мерка во почетокот на пандемијата беше работа од дома, мерка којашто се покажа како добра алтернатива. Значително намалување на бројот на членови во салите за состаноци, за таа цел вклучивме и одржување на видео конференции преку користење на различни платформи како Zoom, Google meet итн. Прилагодување на деловниот просторот со цел одржување на препорачаната дистанца.


Со цел олеснување на начинот на комуникација со сите вработени, инвестиравте во ЕРП системи кој ќе ги олесни следењето на работните задачи, активности, предизвици и проблеми. Станува збор за инвестиција која ќе го олесни начинот на којшто течат работите.
Воведовме мерки како – влез без допир задолжително носење на маски и дезифекција на раце, како и дизинфекција на сите работни површини на крајот и почетокот на секој работен ден.
Во ова време на пандемија за жал секој ден се слуша за намалување на работните места во многу компании. Ние и во овој тежок период не дозволивме ниту еден од нашите вработени да остане без сигурни примања.

Дури успеавме преку нашата посветености и спремност за прилагодување на новонастанатата ситуација да го прошириме нашиот круг со вработување на нови кадри.