Денеска утринското кафе го пиеме со Денис Ампов - Основач и сопственик на консултанската куќа Смарт Степс, а истовремено и тим лидер за продажба во Пивара Скопје

Денеска утринското кафе го пиеме со Денис Ампов – Основач и сопственик на консултанската куќа Смарт Степс, а истовремено и тим лидер за продажба во Пивара Скопје.
Што поразговаравме со него, прочитајте во продолжение…

1. Кој е Денис Ампов? Може ли да ни кажеш нешто повеќе за тебе за оние кои не те знаат.
Денис е личност која сака промени, живее брзо и исполнето. Од најрани години сакам да експериментирам, продажбата е нешто што ме интересира од најрано детство. Уште во училишните денови постојано сакав нешто да продавам, но до тој момент мојот главен фокус беше на кошарката, од која се откажав поради повреди и лошата состојба во македонскиот спорт. Моето ново поглавје во животот започна на 21 година, кога ја добив работата во Пивара Скопје како унапредувач на пазар. Каде после неполни две години бев унапреден во Тим Лидер за продажба. Во моментот кога бев унапреден, си ветив дека ќе создадам нешто што ќе ги учи младите луѓе да бидат високо мотивирани и посветени на сопствениот развој како би можеле на многу полесен начин да дојдат до остварување на сопствените цели. Со тоа ја создадов и мојата консултантска куќа Смарт Степс со која помагам на многу луѓе да се остварат себе си, потоа добив уште едно унапредување и моментално сум Commercial Capability Manager во Пивара Скопје. Често другите луѓе знаат да ме праашат дали знам да запрам, но мислам дека ова е моментот и залет до крај.

2. Како го започнуваш денот? Кои се твоите утрински ритуали?
Знам дека за повеќето луѓе звучи шокантно,но денот го започнувам во 5 часот наутро, прво што правам визуализирам 5 минути – каде го програмирам денот што следи, правам листа на задачи и ги запишувам позитивните моменти од претходниот ден. Потоа ги користам моите “тајни” продукти за одлично здравје и одам во теретана каде го предизвикувам моето тело на тежок физички тренинг.По завршувањето одам во мојата канцеларија и го започнувам денот 25 страни книга, со овие ритуали целосно ментално и физички сум подготвен за сите предизвици што следат во денот.

3. Како треба да изгледа еден здрав почеток на денот? Како до енергија во текот на целиот ден?
Почетокот на денот тоес утрото е најбитен старт за тоа како ќе се одвива моето време,кој го сметам за најскап ресурс.За зголемување на енергијата користам додатоци во исхраната кој, голем гурман сум но често се ставам на режими со здрава храна, љубител сум и на кафе. Како што одговрив на претходното прашање ритуалите што јас ги користам се одлични за кревање на енеригијата и ги препорачувам на сите, но ги советувам да не започнуваат со сите од еднаш бидејќи брзо ќе се откажат.

https://www.instagram.com/p/CDwo-INpzJ7/

4. Како изгледа еден ваш типичен работен ден?
Работениот ден ми трае 12 часа,понекогаш и 15. Без запишување белешки за сите дневни состаноци не би бил испланиран целиот ден.Работам на повеќе полиња, постојано барам нови иновативни проекти на кои посветувам многу внимание, затоа и често имам слободно време, со тоа што во обврските го ставам и времето за семејството и пријателите.Бидејќи ваквиот начин бараа сконцентрираност и правилна распределба на работите, користам приоритизација на активности, избирам да правам активности што носат највисоки резултати. Слободните празнини помеѓу состаноците ги користам за социјалните мрежи.

5. Која е вашата цел како мотивациски говорник или пак како тренер за личен развој?
Мојата цел како мотивациски говорник е самиот наслов на професијата-мотивација,односно како да ги научам луѓето да ги праваат вистинските работи,како да се сакаат себеси,како да бидат по продуктивни за општеството,како да се осеќаат задоволни и среќни од својот живот,едноставно како да ја зграпчат секоја прилика и целосно уживање во овој свет кој ни дава секојдневни предизбици и можности. Ако тоа го склопам во една реченица е би било .. Живот со полн потенцијал!

https://www.instagram.com/p/CDi_tasFjU8/

6. Која е најдобриот заклучот кој го имаш извадено од дадена ситуација?
Најголемиот заклучок што никогаш нема да го заборавам е после моето прво интервју за унапредување во Пивара Скопје коа беше неупешно, тогашниот менаџер ме седна и ми кажа: “Денис ти си супер, ти си одличен работник! Но јас донесов одлука дека е прерано за тебе, во светот има многу талентирани деца што одлично играат фудбал на 6 годни, но сепак тие играат во петличи – не се натпреваруваат во прва лига” Искрено во прв момент бев збунет, но добро разбрав дека можев да изгорам, стрпливоста ме донесе сега да бидам многу горд на мојата работа. Најголемите неуспеси сум ги доживеал само кога сум го слушал срцето, затоа лекцијата е секогаш да го користиме и паметот и да бидеме стрпливи, бидејќи најдоброто доправа доаѓа.

7. Каков Денис се мотивира себе си?
Јас се мотивирам од мојот живот,од секојдневието,од сите искуства стекнати со годините,од моите грешки,од луѓето со кои контактирам,гледајќи им ги постапките,слабостите и успесите.Сите овие работи со кои сите сме опкружени со различни карактери,можеме многу да научиме и да се мотивираме од вистинските,реалните ситуации. Затоа само акција, без оглед на се, акцијата ќе не донесе до постојан мотивиран живот.

8. Коронавирусот ги помести речиси сите аспекти на нормалното функционирање, и се одрази психолошки на луѓето, како да се мотивираме во ваква ситуација?
Оваа ситуација им дојде тешко на сите кои беа надвор од својот дом по 8 часа.Но тоа е една од многуте промени што доаѓаат со тек на времето,и едноставно треба да го прифатиме и да се прилагодиме,како што го правеме тоа и со многу други промени.Во сетоа тоа сепак јас пронајдов нешто многу подобро.Благодарејќи на мојот релаксиран ум и позитивна енергија,сфатив дека оваа прилика како поврзување ма луѓе од цел свет преку совијалните мрежи,ми донесе повеќе успеси и финансии.Тоа е така зошто гледав позитивно на ситуацијата,и секој од вас може да ја примени ма тој начин. Во секој проблем има прилика, најуспешните луѓе на светот, се тоа што се баш поради тоа што порнашле решенија за проблемите на луѓето, затоа и виа гледајте на креативен начин и бирајте акција на нови можности, а не самосожалување.

9. Кој би бил вашиот совет до нашите читатели?
Совет до сите оние кои читаат во моментот, можеби сте некаде на самиот старт од кариерата, можеби сте во фазата зрелост,или сте некаде на врвот,без разлика сите сме луѓе со исти склопениделови и еднаистанепрекинатамашина,а тоа е умот,којнидаваможностида внесеме бесконечно многу информации и ние треба секој ден нешто ново, нешто непознато да го научиме. Затоа човекот учи додека е жив, никој на светот не знае се.Кажете фала на секој нов ден, кој можеби ќе ви биде нова шанса, нова прилика или ново поглавје. За сите добро и лоши нешта заслужните сте само вие и никој друг.

https://www.instagram.com/p/CDRArIXlZCb/

10. И за крај бидејќи знаеме дека си љубител на книги, 5 предлог книги за нашите читатели?
Ова ми е најтешкото прашање бидејќи навистан сакам многу книги и тешко ми е да издвојам 5, но прва би била мојата најнова книга Контрола на навиките, која ја има во елкторнска верзија, но понатаму би кажал неколку автори а што и да земете од нив нема да погрешете Тони Робинс, Гранд Кардон, Робин Шарма, Дејвид Шварц, Чарлс Дујхиг.