За да се постигне успех со одлични резултати потребнo e претприемачка креативност, визија, храброст и јасно дефиниран систем. Под ова начело се развива Еуровиа – една од најбрзо растечки градежна компаниа во Македонија

За да се постигне успех со одлични резултати потребнo e претприемачка креативност, визија, храброст и јасно дефиниран систем. Под ова начело се развива Еуровиа – една од најбрзо растечки градежна компаниа во Македонија.
За клучот на успехот на Еуровиа разговараме со Павлина Симоска-Тодоровска, главен Сметководител на Компанијата.

1. Со вашето 15 годишно работно искуство, раскажете ни малку какви вештини треба да има еден успешен сметководител?
Сметководителите работат со броеви, па затоа треба да имаат силни математички вештини. Тие треба да бидат внимателни и детално ориентирани, бидејќи самата работа бара посветеност при извршување на финансиските процеси при непредвидени проблеми и неправилности. Бидејќи сметководството е регулирано со различни правила и прописи, сметководителите мора да бидат способни да научат и применуваат сложени принципи кои најверојатно ќе се променат со текот на времето.
Сметководителите имаат потреба од солидни аналитички вештини за решавање на проблеми, со цел да ги препознаат недостатоците на финансиските процеси и да препорачаат подобри решениа.

2. Како изгледа еден работен ден на еден сметководител?
Работниот ден во ЕУРОВИА за мене, а се надевам и за моите колеги, не претставува тешкотија. Можам да се пофалам дека не се пронаоѓам во приказните на некои мои познајници што ми кажуваат колку е тешко да се стане наутро и да се оди на работа бидејќи ние работиме со задоволство. По утринското кафе веднаш ги организирам работните задачи и ги договарам насоките за тоа што треба да го реализирам во текот на денот. Секој работен ден е своја приказна и нов предизвик.

3. Што значи да се биде дел од една ваква брзо – растечка компанија?
Особена чест и задоволство ми е да сум дел од една ваква компанија како Еуровиа. Како и секоја компанија секојдневно се соочуваме со најразлични можности, успеси па и предизвици. Компанијата се стреми кон поголеми успеси создаваќи нови бизнис партнери како и многубројни зделки и проекти. Растеме заедно со нашата компанија. Во текот на овие 10 години посетувавме обуки за личен, но и персонален напредок. Обуки кои беа прилагодени за секој еден од нас.
Посветени и горди сме на секој еден успех кој го славиме заедно.

4. Како се соочувате со стресните ситуации на работното место и на кој начин се справувате со нив?
Динамичноста на бизнисот носи и стресни ситуации, кои од една страна прават огромен притисок, но од друга страна, пак те мотивираат за понатамошните предизвици. Надминувањето на стрeсните ситуации доаѓа и со искуството и умешноста да се справиш во секоја можна ситуација. А, со секој следен предизвик стануваш сè посилен и поефективен. Градежната индустрија е многу предизвикувачка индустрија, понекогаш се соочуваме со различни предизвици, но со вистинскиот тим и поддршката што ја имаме едни од други лесно го надминуваме секој предизвик.
Ние им помагаме на нашите клиенти да ги планираат и да спроведат различни стратегии во врска со нивните градежни проекти, комбинирајќи ги технологијата, секторска и финансиска експертиза.

5. Што Вие како економист предвидувате за економијата после панедмијава. Што превзеде Еуровиа за време на пандемијата?
Економијата трпи големи штети од коронавирусот, а закрепнувањето ќе оди бавно. Погодени се сите и ќе има последиции, како: висок пораст на невработеност, пропаѓање на малите бизниси, големи загуби кај поголемите бизниси. Ова се само еден дел од негативните последици од пандемијата. Пандемијата веќе го промени начинот на кој што функционираат компаниите. Подоцна или порано, секој бизнис ќе ги почуствува негативните ефекти. Во овие услови на пандемија, акцент на Еуровиа претставуваат вработените и нивното општо здравје. Она што Еуровиа како компанија го воведе како мерка во почетокот на пандемијата беше работа од дома, мерка којашто се покажа како добра алтернатива. Значително намалување на бројот на членови во салите за состаноци, како и видео конференции преку користење на различни платформи како Zoom, Google meet итн. Прилагодување на деловниот просторот со цел одржување на препорачаната дистанца.Со цел олеснување на начинот на комуникација со сите вработени, Еуровиа инвестираше во ЕРП системи кој ќе ги олесни следењето на работните задачи, активности, предизвици и проблеми. Станува збор за инвестиција која го олесни начинот на којшто течат работите.

6. За крај, што би им препорачале на оние кои планираат своето образование да го насочат кон оваа дејност?
Би им препорачала на сите оние кои сакаат да започнат кариера во финансискиот сектор, да бидат спремни на одговорностите и предизвиците кои ги носи оваа работа. Динамичната работа се поврзува со личноста која што ја извршува работата, но можноста за континуиран раст, развој и учење претставува голем предизвик и инспирација.