Почнувајќи од 1 Јануари 2019 една од најголемите компании за надворешно рекламирање во Македонија Скрин Медиа со една единствена цел градење на успешна соработка со ова нова фаза на партнерство, потпишана денес во Скопје, ги покрива сите ексклузивни рекламни концесии на Аеродромот ТАВ во Македонија.

За потполна подршка на Аеродромот ТАВ во Скопје во своите стратешки амбиции, Скрин Медиа ќе спроведе детална анализа и
план за трансформација на рекламниот простор, вклучувајќи и воведување на нови можности, кои ќе го подигнат искуството на патниците истовремени нудејќои непобедлива комуникациска платформа за брендови.

Скрин Медиа ќе испорача најсовремени LED екрани лоцирани во сите терминали на аеродромот.
Посветени на анимирање и информирање на патниците Скрин Медиа се залага кон збогатување и подигнување на искуства со што ќе го трансформира процесот на извршување на своето право како еден и единствен концесионер.

Новата сеопфатна рекламна понуда на Скрин Медиа ќе се базира на управување со податоци, овозможувајќи им на клиентите целосно да ја искористат моќта на дигиталниот медиумски простор кој го нуди еден современ аеродром како што е ТАВ Аеродромот. Ова проширување во Дигиталниот медиумски простор надвор од услугата на Надворешното рекламирање кое го нудеше Скрин Медиа до сега потекнува од способноста да се идентификува конкретна целна публика, богати медиумски кампањи кои преку обвие канали ќе ги достигнат софистициранте и остроумните патници.

Елмедин Адеми , управител на Скрин Медиа, рече: “Воодушевен сум од проширување на партнерство со ТАВ Аеродромот. Многу сум горд на довербата што нашите партнери ја покажаа кон нас и ја одбра Скрин Медиа да ги води во патот кон иновациите во цивилната авијација. Трансформацијата на аеродромската средина значи испорака на иновативен и најсовремен дигитален рекламен простор, со што ќе се обезбеди
видливоста на брендовите, додека континуирано се подобрува искуството на патниците.
Со нашето 10 годишно, искуство во индустријата на Закуп на рекламни панели сме сигурни дека со ова проширување ќе придонесеме во развојот на меѓународното влијание на нашите клиенти и нивните брендови”.

Исто така, оваа соработка ќе придонесе во приврзување на рекламната индустрија со аеродромот како локација, со што ќе придонесе во додека зголемување на рекламните приходи за ТАВ Аеродромот.

Медиумската индустрија на Надворешното рекламирање (ООH Аdvertising) е во процес на длабока трансформација со дигитални производи што ќе доведе до амбициозна нова иднина за секторот.

Оддел за Корпорациски Комуникации: Едита Бејтули

+ 389 44 350 991
office@screenmedia.mk