Заедно како општество, преземаме акција да застанеме во солидарност едни со други: да го заштитиме нашето здравје, нашите семејства, нашите деловни активности и нашите заедници

Заедно како општество, преземаме акција да застанеме во солидарност едни со други: да го заштитиме нашето здравје, нашите семејства, нашите деловни активности и нашите заедници. Бидејќи се снаоѓаме во брзо менување на економската ситуација од добиената пандемија, спроведување на карантин и слично, нашата компанија во овие моменти е најдобро опремена за да продолжи да го спроведува својот стратешки план.

Сега повеќе од кога било, дистрибуцијата игра суштинска улога во служењето на клиентите. Во овие пандемски времиња, ние остануваме посветени на здравјето и безбедноста на нашите вработени, партнери и клиенти на кои им служиме. Со нашата логистика, транспорт и синџир на снабдување, ние ја даваме приоритетната дистрибуција на основните производи, како што се кафе, колачи, млечен крем и енергетски пијалоци.

Со водство од Светската Здравствена Организација (СЗО), ние спроведовме низа здравствени превентивни мерки за да им помогнеме на нашите вработени, партнери и клиенти да останат безбедни.

Во време на епидемиска загриженост со која се соочуваме, нашиот приоритет продолжува да биде безбедноста и благосостојбата на нашите вработени и заедниците на кои им служиме. Затоа сакаме да ве информираме дека ние како општествено одговорна компанија сме тука да ги преземеме сите неопходни мерки за да ве заштитиме од оваа пандемија.

Работи кои ние како општествено одговорна компанија ги превзедовме за поддршка на нашите вработени:

  • Држење растојание од најмалку 2 метри
  • Достапни ракавици и маските
  • Зголеметување на стандардите за хигиена
  • Чистење на сите области и работни површини по завршување на работниот ден
  • Двајца комерцијалисти не се дозволени во еден автомобил
  • Доколку некој некој од вработените забележи  симптоми слични на СОВИД-19, како што се болка во грлото, треска, кивање или кашлање, задолжително да се изолира дома 14 дена.

Исто така, регулативата за дистрибуција се смени одржувајќи безбедно растојание од клиентите, благодарение на плаќањето преку Интернет, испораката се врши на врата без да имате контакт со клиентите. Во зависност од тоа колку е агресивен вирусот, може да се пренесе преку допир или ракување па токму затоа ограничувањето на контакт со клиенти без лична интеракција е многу важно за да се намали ризикот од пренесување од човек на човек.

На почетокот и крајот на дистрибуцијата, работниците мора да користат средства за дезинфекција за чистење на сите често допирни површини на нивните возила и друга опрема за работа, вклучително и клучеви, волан, копчиња и опрема за испорака. Работните униформи (вклучувајќи работни ракавици) треба да се мијат секој ден.

Тимот на ЕНЕА докажа дека може да се снајде во предизвикувачки и неизвесни економски времиња, фокусирајќи се на нашето дисциплинирано оперативно и стратешко извршување.