По прогласувањето на пандемијата од страна на Светската здравствена организација (СЗО), веста влијаеше на сите нас, на еден или друг начин

По прогласувањето на пандемијата од страна на Светската здравствена организација (СЗО), веста влијаеше на сите нас, на еден или друг начин. Во овие неизвесни времиња доста е важно да знаете што да конзумирате или какви додатоци да земете со цел да го зајакнете вашиот имунолошки систем.

Не постои начин да го зајакнете вашиот имунолошки систем преку диета и за жал не постои специфична храна или додаток што ќе ве спречи да не заболете од COVID -19/ корона вирус. Важно е да се запамети дека добрата хигиена, миењето на рацете е најдобриот начин на кој можете да избегнете инфекција а притоа и да се спречи ширењето на истата. Во овој период е значајно да се грижиме за здравјето и да избегнуваме сезонски настинки и грип, а со тоа воедно и да ги намалиме влијанието врз нашите здравствени  системи.

Во прилог може да прочитате неколку додатоци за зајакнување на имунолошкиот систем кога станува збор за обичен грип или настинка:

  • Витаминот Ц– се наоѓа во oвошјето и зеленчукот. Најдобрите извори на витамин Ц се слатки пиперки, јагоди, киви, портокали и брокула. Ако не јадете доволно храна богата со витамин Ц, може да земете и додаток. Потребни ви се дневно околу 200 мг за да помогнете во борбата против настинки. Оваа доза може малку да го намали времетраењето и сериозноста на симптомите на настинка.
  • Цинкот е многу важен минерал, којштоучествува во многу процеси во организмот. Како и другитеминерали, така и цинкот треба да се консумираредовнопрекуисхраната или какододаток. Тоамупомага на организмот да функционираправилно и лесно да се бори против болести.Дневните потреби на цинк најдобро е да гизадоволуватепрекуисхраната. Цинкот е најзастапен во црвенотомесо, рибата и морскитеплодови, јаткаститеплодови, семките од тиква и сончоглед и јајцата.Овошјето и зеленчуцитесодржатминималниколичини цинк. Од нив најмногу цинк има во крушите, оревите, црешите, гравот, грашокот и леќата.
  • Пробиотици: Пробиотиците се добри бактерии кои помагаат да се одржи вашиот имунолошки систем здрав. За да се борите против настинките, потребниви се околу 10 милијарди активни култури со пробиотик на ден. Оваа количина може да се земе преку додатоци или во храна (како јогурт или ферментирана храна). За да помогнете во борбата против настинките, треба да земате пробиотици секој ден најмалку три месеци пред да започне студената сезона.